Кремљ негира дека руската армија ја напаѓа фабриката за челик Азовстал во Мариупол
– Кремљ денеска негираше дека руските сили извршиле напад врз фабриката за челик Азовстал, последното упориште на украинските сили во пристаништето Мариупол, во југоисточна Украина.
– Наредбата беше јавно издадена (21 април) од главниот командант (Владимир Путин) да се откаже каков било напад. Во моментов нема напади, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Тој рече дека руските сили кои го опколиле комплексот на челичарницата интервенираат само за „многу брзо да ги спречат обидите“ на украинските борци да стигнат до борбени позиции од кои можат да пукаат, пренесува Бета.
Украинските сили вчера објавија дека руските сили „спроведуваат силен напад“ врз комплексот Азовстал, со тенкови и пешадија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија осуди фотограф на 16 години затвор…
Руски суд во четврток соопшти дека го…
Денеска се празнува Светиот пророк Елисеј
Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ…
Метео: „Пекол“ со 39 степени претпладне, попладне…
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…
Како МВР е надлежно да поднесува кривична…
Три градови во БиХ урнаа рекорди –…
Босна и Херцеговина денес беше погодена од…