Кремљ: Одлуката да му се даде политички азил на Асад ја донесе Путин

t

Рускиот претседател Владимир Путин донесе одлука да им даде политички азил на Башар ал Асад и неговото семејство, потврди денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, откако руските медиуми во неделата објавија дека Асад пристигнал во Москва и дека Русија му дала азил.

Песков рече дека таквите одлуки не можат да се носат „без шефот на државата“ и дека тоа е одлука на Путин, пренесува ТАСС.

Сепак, Песков истакна дека нема официјални соопштенија за ова прашање, наведувајќи дека вчера во медиумите се појавиле информации „од извори“.

„Во моментов немам што да додадам на таа тема“, рече Песков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…