Кремљ се огласи во врска со разговорот меѓу Вучиќ и Путин

t

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Владимир Путин телефонски разговараше со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Двајцата лидери разменија честитки по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград од нацистичките освојувачи. На денешен ден во 1944 година заврши белградската офанзивна операција на Советската армија, во која учествуваа единици на Народноослободителната војска на Југославија. Ова беше еден од клучните настани од завршната фаза на Втората светска војна на Балканот“, се наведува во соопштението.

Притоа, Путин и Вучиќ го изразија своето задоволство од нивото на билатералните односи кои се засноваат на духовно и културно-историско единство, единство на минатите и сегашните вредности. Беше потврдена и намерата за натамошно зајакнување на заемно корисната соработка на различни полиња.

Претседателот на Србија му се заблагодари и на Владимир Путин за принципиелниот став што Русија го зазема по прашањата за територијалниот интегритет на Србија.

„Се разговараше и за ситуацијата околу Украина. Владимир Путин го оцени напредокот на специјалната воена операција. Лидерите се согласија да продолжат да одржуваат лични контакти“, се заклучува во соопштението на Кремљ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хезболах не знаел дека купува пејџери од…

Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…

74-годишна жена од Охрид заврши во болница…

Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…

Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…

Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…

ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…

Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…

20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…

20-годишен возач е тешко повреден откако со…