Кремљ со официјално соопштение за смртта на Пригожин: Сето тоа е лага!
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска ги коментираше наводите дека рускиот претседател Владимир Путин наредил соборување на авионот во кој се наоѓал Евгениј Пригожин.
„Путин во последните денови не се сретнал со Евгениј Пригожин во Кремљ“, рече Песков.
Тој се согласува со фактот дека има многу шпекулации за оваа несреќа, пишува ТАСС.
„На Запад сите овие шпекулации доаѓаат од одреден агол. Но, сето тоа е лага“, додаде тој.
Посочи дека мора да се расчистат фактите за авионската несреќа и дека претседателот ги чека резултатите од истрагата, кои ќе биде завршена во догледно време.
„Сега ќе се направат сите потребни тестови, вклучително и генетските тестови“, рече Песков, додавајќи дека резултатите ќе бидат објавени веднаш штом ќе бидат готови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласи Трамп: Со нетрпение го очекувам…
Доналд Трамп повторно се огласи по вчерашниот…
Русија стана четврта економија во светот според…
Рускиот претседател Владимир Путин им се обрати…
Кремљ: НАТО веќе е во директен конфликт…
НАТО веќе е во директен конфликт со…
ЕУ не планира да ѝ ги врати…
Европската унија нема намера да ги врати…
Путин ги прими претседателските кандидати во Кремљ:…
Рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ ги…