Крива Паланка и околината затруена со тешки метали: Немојте да се чудите зошто денес просечното ниво на IQ во Македонија е 81.9!

t

Немојте да се чудите зошто денес просечното ниво на IQ во Македонија е 81.9! Имено подоле во коментари споделувам научна студија која што покажува директна корелација на загадениот воздух, почва и вода со просечната вредност на IQ тестови.

Пред две недели во Крива Паланка се случи вистинска еколошка катастрофа. Во водата на Крива Река од рудникот Тораница се излеа вода која што по независната хемиска анализа е полна со цијанид, арсен, олово и тешки метали.

Замислете Државниот инспекторат за животна средина тврдеше дека водата е единствено загадена со седимент, практично песок, но анализата која ја направи општина Крива Паланка покажува загадување со тешки метали кои ќе го загадат воздухот, почвата и водата во Крива Паланка.

На овој екоцид жртви нема да бидат само сегашните туку и идните генерации кои ќе имаат намалени когнитивни способности, хронично заболувања и што ли уште не благодарение на олигархијата и власта која ја ги штити бизнис интересите наместо здравјето на граѓаните.

Жртва на овој екоцид нема да бидат само граѓаните на Крива Паланка бидејќи по течението на Крива Река во Ранковци и сите останати населени места се одгледуваат огромен број земјоделски производи кои се наводнуваат со вода од реката, практично сега се загадени.

Водата од Крива Река се влива во Пчиња, а потоа и во Вардар па така еколошката катастрофа е од невидени размери.

Овој случај не може да помине само со парична казна која беше изречена практично со принуда во очи на прес-конференцијата на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко МИтовски. За овој случај мора да има кривична одговорност за институциите, раководството на Булмак и сите останати инволвирани во случајот кој дозволиле да се случи ваква трагедија или го довеле во заблуда населението, а со тоа го загрозиле нивното здравје.

Пак ќе напоменам просекот на IQ тестовите во Македонија од независноста до денес е паднат за неверојатни 10 проценти иако сите останати фактори се непроменети или подобрени, единствено нешто во кое назадуваме е квалитетот на водата, почвата и воздухот.

„Студијата откри значајна негативна корелација помеѓу Pb (олово) и детскиот коефициент на интелигенција во анализата на линеарна регресија со еден метал“ – се вели во истражувањето.
На фотографиите подоле го имате Христијан Мицкоски со бугарскиот сопственик на Булмак Николај Волканов (екс-Мултигруп), лево на фотографијата, десно од премиерот е екс-градоначалникот на Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски актуелен директор на Булмак.

Пишува: Милош Милошевски

Цитиран извор:

https://pmc.ncbi.nlm.nih.gov/articles/PMC10181894
Погледнете ја и прес-конференцијата на градоначалникот на Крива Паланка во која ги соопштува резултатите од независната хемиска анализа на водата во Крива Река која Инспекторатот за животна средина никогаш не ја спровел со што го загрозил животот и здравјето на граѓаните во Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крива Паланка и околината затруена со тешки…

Немојте да се чудите зошто денес просечното…

(Видео) Се повикува обвинителството да постапи: Во…

Водата во Крива Река е опасност по…

На сила сакал да ја земе малолетната…

На 27.03.2025 во 20.30 часот, полициски службеници…

Рубио: Поништивме повеќе од 300 визи за…

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека…

Мисајловски да не променил партија?! Членството во…

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, на свеченоста…