Кривичен суд објасни зошто казната на Кока е под минималната: Го признал делото, плус бил женет и вработен…

t

Активистот на Алијанса за Албанците кој пукаше од пиштол кај плоштадот „Скендербег“ за време на протестите против францускиот предлог, Исуф Енези, познат како Цуфи Кока, пред судот признал вика и кажал дека демонстрантите ден пред инцидентот му ги искршиле стаклата на возилата и хотелот, а дента кога се случи инцидентот, фрлале кон него и други луѓе на плоштадот, објави „Фокус“.

Од Кривичниот суд објаснуваат дека Кока, на судското рочиште на кое пред два дена беше осуден на четири месеци затвор, ја признал вината.

-При одредување на видот и одмерување на висината на казната, судот ги имаше во предвид сите околности од чл.39 од КЗ, кои се од влијание за индивидуализација на санкцијата, објаснуваат од судот за „Фокус“ околу казната, со оглед на тоа дека на Кока му беше изречена казна неколкупати поблага од законскиот минимум за ова дело (една до пет години затвор).

Од судот велат дека како олеснителни околности се ценеле личните прилики на обвинетиот:

„Пред сѐ неговата возраст, тоа што тој е млада личност роден 1982 година, воедно ги ценеше и материјалната и социјалната положба на обвинетиот, околноста дека тој е вработен, женет, и татко на две деца, а особено ги имаше предвид околностите дека обвинетиот во целост го призна сторувањето на кривичното дело, со што придонесе до побрзо и поефикасно завршување на постапката, околноста дека обвинетиот досега е неосудуван, дека против обвинетиот не се води постапка за друго кривично дело, дека обвинетиот изрази каење за стореното кривично дело и неговото коректно однесување во текот на постапката, велат од Кривичен за „Фокус“.

Кока пред судот го признал кривичното дело и кажал дека претходниот ден, пред инцидентот, демонстрантите му ги искршиле возилата на паркингот пред неговиот хотел „Де Кока“, а биле и скршени стаклата од предната врата од хотелот.

Тој лично видел како демонстрантите ги искршиле со бекатон плочки, чекани и стаклени шишиња, тврдел Кока.

Тој вели и дека наредниот ден бил на работа, и видел дека истите лица од протестот почнале да фрлаат по сите луѓе на плоштадот, почнале да се приближуваат да влезат накај Чаршијата, тоа се гледало и на камерите – дека биле многу луѓе, во рацете имале молотови коктели, бекатон плочки, шишиња, и почнале да фрлаат кон секој човек што бил таму, а фрлале и кон хотелот и кон него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…

Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…

Амнестија за најблиските луѓе на Мицкоски: „Пресврт“…

Постапката е запрена поради сменети искази на…