Кривична за геометар од Струга: Изработил лажно решение за приватизација на градежно земјиште

t

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.А.(39) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „злоупотреба на службена положба и овластувања“.

Тој, во својство на помлад референт – геометар во Министерството за финансии, Управа за имотно – правни работи во Струга, изработил лажно решение за приватизација на градежно земјиште по основ стекната со надомест, внел број од друг предмет, своерачно се потпишал и во име на овластениот потписник, фалсификувајќи го неговиот потпис, и го втиснал службениот печат од Министерството за финансии за првостепена постапка.

Изготвеното лажно решение на 29.05.2024 година го испратил во Одделение за катастар на недвижности во Струга со намера да биде катастарски впишано и спроведено, додека архивираниот предмет, чиј број го искористил, веднаш го уништил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

[ВИДЕО] Неверојатна снимка токму во моментот на…

Меѓународната новинска агенција Ројтерс снимаше директен пренос…

Со велосипед удрил во пешак и –…

Вчера во 07.50 часот во СВР Куманово…

Кривична за геометар од Струга: Изработил лажно…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.А.(39)…

Гостиварец останал без 760 евра, ги пратил…

МВР информира дека вчера попладне во 14.40…

Првата рафинерија за литиум во Европа е…

Компанијата „AMG Lithium“ ја отвори првата рафинерија…