Кривична пријава за битолската фабрика за производство на масло од канабис
Секторот за внатрешни работи – Битола до битолското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во битолското село Кравари и против битолчанецот Д.А. (38), управител во правното лице, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело казниво по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.
Како што соопштија денеска од МВР, на 30.03.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема за чување и складирање на медицински канабис при Министерството за здравство, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, извршиле претрес во правното лице во село Кравари, при што биле констатирани низа неправилности во поглед на производство, одгледување и складирање на медицинскиот канабис.
Поднесена е и кривична пријава и против А.Б.(51) од Албанија, со привремен престој во Битола и биточаните А.Ј. (26) и А.Ј.(58), првопријавениот сопственик, а другите двајца вработени во истата фабрика за производство на масло од канабис, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.
На 30.03.2023 тројцата организирале и изнеле две вреќи со четири килограми марихуана од фабриката. Имено, А.Б. ја изнел дрогата, а А.Ј. и А.Ј. ја преземале и ставиле во патничко возило, но набргу биле запрени и приведени од полициски службеници. Во врска со случајот, судија на претходна постапка на А.Ј.(26) му одредил мерка притвор од 30 дена, соопштија од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Нов пожар во Битола во близина…
Пожар избувна во близина на железничката пруга…
Пожарот кај Небрегово се шири кон две…
Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од…
Бабам Битола: Замислете некој од оние МИЛИОНЕРИТЕ…
Замислете некој од оние МИЛИОНЕРИТЕ во РЕК…
Целосно е изгаснат пожарот на Пелистер
Пожарот кај Битола на Пелистер е целосно…
Потребна е помош за третман со матични…
Почитувани читатели на Инфомакс, потребна е помош…