Кривична пријава за даночно затајување од над шест милиони денари
СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и управителот на правното лице Н.К. (31) од Струмица за кривично дело „даночно затајување” по чл. 279 ст. 1 од КЗ. На барање од СВР Струмица, УЈП Генерална дирекција Скопје изврши надворешна контрола на финансиското работење на правното лице и од нивна страна доставени се записници за извршена контрола за деловната 2021 и 2022 година, во кои е констатирано дека првопријавеното правно лице како даночен обврзник и второпријавената како управител на правното лице за деловната 2021 година помалку пресметал и платил персонален данок на добивка во износ од 2.975.466 денари. Со контролата е утврдено дека во деловната 2022 година помалку е пресметано и платено персонален данок на добивка во износ од 3.335.998 денари. Од горенаведеното констатирано е дека пријавената како управител на правното лице, со цел да се стекне со против правна корист, го оштетила Буџетот на РСМ за вкупен износ од 6.604.860 денари. Кривичната пријава е доставена до ОЈО Струмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четврта пријава за лажен TOEFL сертификат од…
Продолжува сагата со лажни сертификати за познавање…
Синдикатот на полицијата во Македонија поднесе кривична…
Денес Синдикат на Полиција во Македонија -…
Кривична пријава за скопјанецот кој запали стан…
МВР поднесе кривични пријави против две лица…
Кривична пријава за насилник од Битола, одреден…
Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното…
Кривична пријава за „оштетување и неовластено навлегување…
СВР Скопје - Единица за економски и…