Кривична пријава за двајца тетовски превозници – изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици биле истечени
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46) од Тетово и против правно лице –транспортно претпријатие од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и „давање лажен исказ“. Во текот на септември и октомври 2024 година, пријавените, иако знаеле дека договорот за превоз на редовни ученици, склучен помеѓу пријавените и средно училиште бил истечен, без правен основ изготвиле фактури во износ од 15.034.110 денари за двата месеци и ги доставиле до надлежните служби на училиштето со намера да биде извршена наплата. Пријавените не успеале да ги доведат во заблуда надлежните во училиштето, по што на нотар дале лажен исказ и ги доставиле фактурите со барање да изготви предлог решение за нотарски платен налог, кое било донесено од нотарот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.Ф.(59) од с.Шемшово и правно лице од с.Шемшево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „давање лажен исказ“. Во текот на септември и октомври 2024, пријавените, иако знаеле дека договорот за превоз на редовни ученици склучен помеѓу пријавените и средно училиште во Тетово бил истечен, на 10.06.2025 без правен основ, изготвиле фактури за 09-ти и 10-ти месец 2024 во вкупен износ од 2.152.447 денари, а потоа ги доставиле до надлежните служби на наведеното училиште, со намера да ги доведат во заблуда и да биде извршена наплата на доставените фактури. Пријавените кај нотар дале лажен исказ, барајќи да изготви предлог решение за нотарски платен налог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за двајца тетовски превозници –…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46)…
Ѓаволот од ефективен оди во куќен притвор
Во текот на вчерашниот ден во Основниот…
Скопје утрово втор најзагаден град во Европа
Сараево утрово се најде на самиот врв…
ЕУ очекува делување, а не изговори од…
Советот на ЕУ го поздравува одржувањето на…
Вучиќ: Луѓето не разбираат колку сме блиску…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е…