Кривична пријава за екс – вработена во мобилен оператор, присвоила осум мобилни телефони
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Б.(36) од Струмица, поранешна вработена во еден мобилен оператор, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.
Пријавената, во периодот од март до септември 2024 година, во својство на бизнис агент свесно и со умисла присвоила осум мобилни уреди кои што и биле доверени во службата, на тој начин што на менаџерот од Гевгелија му прикажувала факти дека ќе склучи бизнис договори со пет правни лица од Гевгелија и Дојран и ќе им ги додели мобилните уреди во вид на субвенционирана форма за направените активации и обнови.
Додека, на месечните пописи кои биле правени во продажниот салон во Гевгелија свесно било прикриено дека фали трговска стока, со што пријавената причинила имотна штета на оштетеното правно лице во износ од околу 600.000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за екс – вработена во…
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Б.(36)…
„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на…
Набавка на дрон специјализиран за мерење на…
Утре протест против аерозагадувањето во Струмица
Еколошкото здружение „Здрава котлина“ утре напладне на…
Жена пронајдена почината во езерцето во Градскиот…
Во езерцето во Градскиот парк во Струмица,…
Престануваат да важат мерките и препораките за…
Прекинат е прагот на алармирање, престануваат да…