Кривична пријава за жителка на Велешта: Крадела струја една година!

t

Кривична пријава против педесет и четиригодишна жителка на струшкото село Велешта поради кражба на електрична енергија, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, ОВР Струга поднело кривична пријава против У.Х.(54) од Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија“.

– При контрола од екипа од ЕВН, извршена на 8 октомври годинава во нејзиниот стан во Струга, констатирано е дека со премостување на една фаза директно на соодветен оператор на системот, во периодот од ноември 2023 година до октомври 2024 година противправно користела електрична енергија, стои во соопштението на СВР Охрид

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…

Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…

Израел ја погоди иранската државна телевизија за…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…