Кривична пријава за насилство по инцидент пред ОУ „Дитурија“

t

Вчера (12.12.2025) во СВР Скопје било пријавено дека околу 12:00 часот, пред Основно училиште „Дитурија“ во Сарај, скопско, од страна на шест ученици физички биле нападнати двајца ученици од 9-то одделение. 

Настанот беше објавен и на социјалните мрежи, а Министерството за внатрешни работи веднаш презеде мерки и активности за целосно расчистување на случајот. 

Со родителите на нападнатите малолетници е извршен службен разговор, а исто така денес е извршен разговор и со оштетените малолетници. Кај едно од лицата од страна на лекар се констатирани тешки телесни повреди додека кај другиот малолетник се констатирани телесни повреди. Идентификувани се учениците кои го извршиле нападот и истите се на возраст од 13 до 15 години. Во текот на денешниот ден сите шест лица се повикани во Полициска станица. 

За настанот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “насилство” по член 386 од КЗ на РСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за насилство по инцидент пред…

Вчера (12.12.2025) во СВР Скопје било пријавено…

ВЛЕН се пофали: После 24 години Законот…

„Коалицијата Влен го поздравува позитивното мислење на…

СДСМ: ЗНАМ и ДПМНЕ инсценираа судир за…

Поминаа две недели откако британските медиуми објавија…

Двајца пензионери од Драчево и од Штип…

МВР информира дека вчера во 12:00 часот…