Кривична пријава за полицаецот кој нападна лице со посебни потреби
Одделението за внатрешни работи-Радовиш поднесе кривична пријава против полицаецот кој нападна лице со посебни потреби.
– Денеска (29.11.2023), Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(29) од село Конче, општина Конче, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот закон. Тој се сомничи дека на 26.11.2023 пред продажен објект во село Дедино, општина Конче, физички го нападнал И.Ј.(44) од село Дедино, лице со здравствени проблеми, информираат од МВР.
Порталикс известуваше за случајот вчера, а освен Игор Јанев кој што беше претепан, и сопствениците на продавница биле жртви на малтретирањето на полицаецот кој според нив бил во алкохолизирана состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…