Кривична пријава за поранешен директор на Комунална чистота, МВР откри детали
Денеска (14.11.2024) од страна на СВР Струмица – ОВР Гевгелија до ОЈО Гевгелија поднесена е кривична пријава против Р.П., поранешен директор на ЈП “Комунална чистота”- Богданци.
Пријавата е поднесена затоа што во временскиот период од 01.01.2019 до 31.12.2022 во својство на службено лице, односно вработен како директор во јавното претпријатие, со неизвршување на своите службени обврски, сторил повреда на повеќе одредби од подзаконски акти и договори, односно пропуштил да бидат наплатени долгови по основ на извршени услуги од ЈП “Комунална чистота“ Богданци, направени од страна на физички и правни лица од општина Богданци, не водел сметка сите побарувања од корисниците да бидат соодветно обезбедени преку судска или друга соодветна постапка пред истите да застарат, поради што било пропуштено да биде наплатен долгот од корисниците на услугите, при што била причинета вкупна материјална штета во висина од околу 360.000 денари на ЈП “Комунална чистота“ Богданци.
Со тоа, пријавениот сторил кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво според член 353 став 3 во врска со став 1 од КЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за поранешен директор на Комунална…
Денеска (14.11.2024) од страна на СВР Струмица…
МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА (1946-1949)
ПРОФ.Д-Р НИКОЛА ЖЕЖОВ МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА…
Мечка ги изненади жителите на село Петралица…
Жителите на село Петралица, Ранковце, денеска забележаа…
Тимот на Трамп сoставува црната листа
Членовите на транзицискиот тим на новоизбраниот американски…
Нови 67 случаи на грип во Македонија,…
Шеесет и седум случаи на групни пријави…