Кривична пријава за 21-годишник од битолско-возел со 153 километри на час
Момче од село Нижеполе лудувал на патот Охрид-Ресен. Според СВР Битола – На 14.09.2025 во 15:12 часот на магистрален пат Охрид – Ресен, кај место викано „Рибник Крушје”, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Ресен, при контрола во сообраќајот, сопреле патничко возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(21) од с.Нижеполе, битолско.
Притоа, констатирано е дека го управувал возилото со брзина од 153 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината е ограничена на 70 километри на час. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со возило”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за 21-годишник од битолско-возел со…
Момче од село Нижеполе лудувал на патот…
Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ…
Москва: Руската служба за надворешно разузнавање -СВР,…
Трамп: Би можел да прогласам вонредна состојба…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави денеска…
42-годишник фатен на дело при изнуда: се…
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за…
Toшковски го демантира Мицкоски – Не се…
Среде дивата депонија Вардариште живеат 200 луѓе,…