Кривична пријава за 43-годишен гостиварец, склучил предоговор за продажба стан за 25 илјади евра кој веќе бил продаден
Кривична пријава си заработи 43-годишен гостиварец откако довел во заблуда друго лице и склучил преддоговор за продажба на стан во вредност од 25 илјади евра, а станот претходно го продал на друго лице.
„Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.С.(43) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот, претставувајќи се како менаџер на правно лице и лице со овластување за склучување на договор во име на правното лице, довел во заблуда лице од гостиварско на тој начин што склучиле преддоговор за купопродажба на стан во вредност од 40.000 евра, по што лицето му исплатило 25.000 евра, а кој стан претходо го продал на друго лице“, стои во билтенот на МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…
Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…