Кривична пријава против вработен во ЈП „Национални шуми“ – издавал испратници без претходно издадени одобренија за сеча
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.П.(58) од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Пријавениот, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“- Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, како референт за превоз постапил спротивно на законски и подзаконски акти на тој начин што издавал испратници спротивно на Правилникот за видот и начинот на жигосување на сечата, начинот на издавање на испратница и издавал испратници без претходно издадено одобрение за сеча, со што им овозможил на физички лица да се здобијат со имотна корист.
Со ваквите дејствија на Јавното претпријатие „Национални шуми“ нанел штета во вкупен износ од 506.850 денари и Буџетот на РСМ во делот на ДДВ и проширена репродукција на шумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава против вработен во ЈП „Национални…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе…
На Богородица спречен обид за криумчарење 4.577…
Царинските службеници на граничниот премин Богородица открија и спречија…
(ВИДЕО) Кузеска: Новооснована фирма, зад која стои…
Соопштение на СДСМ: Скандалот во МВР со…
Тетовец почина на плажа во Албанија –…
Четириесет и едногодишен тетовец А.С., вработен во…
Закани кон независните од Битола: Објавена фотографија…
Пред два дена овај господин вработен во…