Кривична пријава против девет лица, правеле пустош на шумите во кичевско
СВР Охрид поднесе кривична пријава против девет лица за сторено кражба и за спречување на службено лице да си ја врши својата должност. Сите девет лица се лишени од слобода и со кривичната пријава се предадени во ОЈО Кичево за понатамошна постапка.
„Имено, вчера во координирана акција на Одделот за криминалистичка полиција, СВР Охрид и Одделот за специјални полициски операции-Единица за брзо распоредување, на територија на општина Кичево во место викано „Кутуров дол“ затекнати се лица во незаконска сеча и дотур на дрва за огрев во шумски предел, и покрај активната забрана за движење во шума. Лицата биле без соодветни дозволи и документација за сеча, дотур и превоз на огревни дрва. Од лицата се одземени мобилните телефони и предмети за кои се претпоставува дека ги користеле за извршување на кривичното дело, како и товарно моторно возило „ман” и џип „опел фронтера”, двете со кичевски регистарски ознаки“, велат од МВР.
Од таму додаваат дека во месноста викана „Мала река’’ биле уапсени други три лица и одземени се два трактора со приколки и едно возило „цитроен џампер“, како и моторна пила и повеќе канистри за бензин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинение и притвор за лице кое физички…
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…
СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…
Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…
„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…
На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…
Во овој момент за нула евра сме…
„Супорт Кочани“ ја покри целата вредност на…
Организацијата „Супорт Кочани“ ја прими првата пратка…