Кривична пријава против мајка што си ги терала девојчињата на питачење
Одделението за внатрешни работи поднесе кривична пријава против стружанка која ги поттикнувала децата на питачење во Дебар.
Кривична пријава е поднесена против С.Н.(37) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Таа, ја запоставила својата родителска должност за грижа на двете малолетни ќерки и свесно ги поттикнувала да вршат питачење со цел стекнување противправна имотна корист, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешн работи-Охрид.
Појавата на питачење, не само на малолетни деца, туку на возрасни по улиците во градот, е појава во која најчесто се лица од ромска националност од Велес, Прилеп и Гостивар.
Освен на улица тие одат по домови, но и во угостителски објекти барајќи пари. По бројност најмногу ги има во летниот период кога во родниот крај се печалбарите, како и во саботите кога во Дебар е пазарен ден.
Фото – илустрација
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…