Кривична пријава против пет лица по оштетувањето на куќата – музеј Владо Малески во Струга

t

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.К.(53) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”, против В.Н.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, како и против Р.М.(68), Н.Н.(56) и Ѓ.Д.(59), сите од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.

На 15.10.2025 како инвеститор, спротивно на решението за издавање заштитно конзерваторски услови, првопријавениот на катарстарска парцела во Струга со градежна механизација срушил стара струшка куќа и при правење ископ ги поткопал темелите од јужниот ѕид на соседната спомен куќа-музеј на Владо Малески, која од 2017 година претставува споменик заштитен како значајно културно наследство.

Второпријавената, во својство на архитект – конзерватор во националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид“, на основниот проект за семејна куќа втиснала службен печат и ставила потпис и одобрила мислење за усогласеност со идеен проект со што свесно постапила спротивно на Законот за заштита на културното наследство, спротивно на планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и спротивно на решението за издавање на заштитно конзерваторски услови, издадено од Министерство за култура – Управата за заштита на културно наследство.

Третопријавениот, во својство на градоначалник на Струга, искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги овластувањата, спротивно на актите од Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и решението од Управата за културно наследство, потпишал одобрение за градење на семејната куќа од првопријавениот.

Четвртопријавениот, како раководител на Одделението за урбанизам во општина Струга, со пречекорување на службената положба го изготвил одобрението за градење, а го одобрил петтопријавениот како помошник раководител на Сектор за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина во општина Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава против пет лица по оштетувањето…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.К.(53)…

Ова е сега планот на Трамп за…

Соединетите Американски Држави му сигнализираа на украинскиот…

Пропусти во постоперативниот период по извршениот царски…

Пропусти во постоперативниот период по извршениот царски…

Филипче за изјавите на Давкова: Груевски од…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната…

Државното раководство во отворена конфронтација со ЕУ

Дипломатските ракавици се симнати, македонскиот државен врв…