Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во неготинската полиција
Шеесет и шестгодишниот неготинец Љ. Т. добил кривична пријава поради сомневање дека сторил кривично дело демнење, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Неготинецот, според МВР, подолг временски период го следел и го прогонувал, се мешал во личниот и приватниот живот на 41-годишен вработен како началник во Одделението за внатрешни работи Неготино, неговата сопруга и двете малолетни деца.
Пријавениот, се додава во полициското соопштение, во повеќе наврати воспоставувал и настојувал да воспостави контакти со оштетениот со движење во службените простории на ОВР Неготино и во центарот на градот.
„Скоро секој ден го следел неговото движење, доаѓал во ОВР Неготино, постојано го барал, а кога не го добивал, го чекал пред вратата на неговата канцеларија, како и пред ОВР Неготино. Постојано му ѕвонел на мобилниот телефон, снимал и објавувал видеоклипови на социјални мрежи со навредливи и содржини со кои имал намера да му наштети на угледот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на…
Шеесет и шестгодишниот неготинец Љ. Т. добил…
Поднесено обвинение за демнење против маж
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог…
Битолчанец доби кривична пријава за демнење на…
24-годишен битолчанец демнел девојка од градот, неовластено…