Кривични за демонстрантите кои сакаа да возат без возачки: Предизвикале расна омраза, се заканувале на полицијата и на Тошковски
Битолската полиција поднесе кривична пријава против четири лица од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост“, откако на 3 февруари годинава организираа ненајавен собир што прераснал во сообраќајна блокада и директни закани кон припадници на Министерството за внатрешни работи.
Пријавите се поднесени против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, а се товарат за кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа” и „поттикнување”.
Според МВР, групата со голем број граѓани го блокирала сообраќајот на патот во близина на Битола и во самиот град, предизвикувајќи нарушување на јавниот ред и мир. Во пријавата е наведено дека во текот на собирот, дел од учесниците упатувале закани кон полицајците кои пристигнале да го регулираат сообраќајот и да ги растераат протестантите.
Во домот на еден од пријавените пак, друг учесник упатувал навреди кон министерот за внатрешни работи, при што се снимал со мобилен телефон, што е доставено како доказ во постапката. На истите лица им се става на товар дека со своите постапки поттикнувале омраза и нетрпеливост.
Полицијата и обвинителството ќе треба да утврдат дали протестот прераснал во кривично дело со оглед на тоа што собирот не бил пријавен, а учесниците ја нарушиле јавната безбедност и упатиле закани кон службени лица.
Протестот за кој се поднесени кривичните пријави се случи на 3 февруари во Битола и беше дел од пошироки немири поради одземање на возила што ги управувале лица без возачка дозвола. Група граѓани од ромската заедница најпрво го блокираа сообраќајот на обиколницата Ресен – Битола, запалија гуми и предизвикаа густ чад на коловозот. Потоа протестот продолжи пред Основниот суд и Општина Битола, каде учесниците изразија револт против контролите и мерките на полицијата.
Дел од учесниците упатуваа закани кон полицајците дека ќе ги нападнат доколку тие се обидат да ги спроведат законот, да им ги одземат возилата или да ги растераат од блокадата, а бараа и да продолжат да возат без возачки дозволи.
Некои од нив користеле вулгарни изрази и најавиле „тепачки и напади“ доколку полицијата се обиде да интервенира. Дел од демонстрантите потоа јавно се извинуваа и ги „повлекоа“ своите закани со видео-објави на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични за демонстрантите кои сакаа да возат…
Битолската полиција поднесе кривична пријава против четири…
Девојката која падна од балкон во Тетово…
Девојката која пред три дена падна од…
19-годишник пронајден починат во Битола
Секторот за внатрешни работи Битола информира дека…
Откажани железничките линии за Битола, вчеравечер возот…
Од Железници на Северна Македонија АД –…
Разоткриена шема на измами со лажни сообраќајки…
Основното јавно обвинителство Битола со координација на…