Криел три кесички кокаин во пантолоните: Притвор за 40-годишен велешанец
Одреден е 30-дневен притвор за 40-годишен велешанец, кај кого биле најдени 47,97 грама кокаин.
Основното јавно обвинителство во Велес спроведува истражна постапка против лице на возраст од 40 години за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 29 август, неовластено заради продажба држел вкупно 47,97 грама наркотична дрога – кокаин во три полиетиленски пакувања кои ги скрил во пантолоните. Дрогата била пронајдена при личен претрес на осомничениот.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, на можност за попречување на истражната постапка со влијание врз сведоците и на опасност да го повтори кривичното дело, Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка на Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена – информираат од Јавното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…