Објавено на:

Криза во Германија: Германците се откажуваат од оброците за да заштедат

t

Поради се повисоките цени 16 отсто од Германците се одрекуваат од редовните оброци, а уште 13 отсто размислуваат да го направат истото – ако инфлацијата продолжи да расте.

Да ги намалат оброците не се подготвени 68 отсто од испитаницте во анкетата на Инса. Но, 32 отсто од учесниците со нето проходи помали од 1.000 евра на истото прашање одговориле потврдно, пренесе „Билт“, денеска.

Меѓу сите испитаници 41 отсто купуваат поевтино во супермаркети, додека 42 отсто поштедливо се готви, така што се откажуваат од месото или рибата.

Инфлацијата во Германија во мај порасна на 7,9 отсто, додека цените на храната значително скокнаа за повеќе од 11 отсто за една година. Приближновисока инфлација последен пат била регистрирана во Германија зимата 1973/1974.

Инфлацијата ја поттикнуваат цените на енергенсите кои скокаат поради војната во Украина, како и поскапите суровини и проблемите во синџирите за снабдување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…

30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…

Во пакет на DHL пронајден бел прав…

Најмалку 12 лица се повредени откако во…

На Германија ќе ѝ бидат потребни до…

На Германија ќе ѝ бидат потребни до…

Судот одлучи дека Германија не смее да…

И покрај пресудата во корист на мигрантите…