Објавено на:

Криминални бугарски државјани ќе бидат депортирани од Велика Британија

t

Криминално активните бугарски државјани ќе бидат депортирани од Велика Британија, без право да се жалат на нивното протерување додека се на нејзина територија, пренесуваат бугарски Вести. Ова ќе стапи на сила откако Бугарија беше вклучена во посебна програма за депортација на несакани криминалци, заедно со уште 14 нови земји.

Земјите се главно од Африка и Азија – Кенија, Уганда, Замбија. Бугарија и Латвија се единствените две европски земји кои наоѓаат место на оваа листа. Вообичаено, британските власти ги таргетираат земјите чии граѓани создаваат сериозни проблеми за јавниот ред во Велика Британија. Бугарија во последните години традиционално е во првите 10 земји чии граѓани се депортираат за разни кривични дела.

Минатата година беа депортирани 147 Бугари. Значителен дел од Бугарите кои издржуваат казни во англиски затвори. Некои од нив се поврзани со организиран криминал и токму тоа е причината зошто не сакаат да се вратат во Бугарија.

Но британските власти се категорични дека нема место за криминалци во Обединетото Кралство. Тие се доста притиснати да донесуваат такви одлуки и во моментов има антиимигрантски протести на многу места во земјата. Истото беше и минатото лето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иронија: Британска министерка ограбена на состанок со…

На британската министерка за внатрешни работи Диана…

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!

Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…

Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…

Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…