Криминални структури на ДПМНЕ со закани кон кандидатка за советничка на Левица – самохрана мајка на три деца од кои едното со посебни потреби

t

Во очајнички обид да го задржат политичкиот монопол во Прилеп, криминални структури поврзани со владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ упатуваат закани и притисоци кон кандидатка за советничка од Левица, која е самохрана мајка на три деца, од кои едното е со посебни потреби.

Според информациите што стигнаа до јавноста, припадници на локалните мафијашки кругови блиски до локалната власт на ДПМНЕ ја заплашуваат кандидатката, со пораки на вратата од нејзиниот дом, со цел да ја натераат да се повлече од изборната трка. Ова е уште еден доказ за методите на политички терор со кои функционира режимот на ДПМНЕ во Прилеп и во целата држава, преку страв, притисоци и деградација на достоинството на луѓето.

Ниту заканите, ниту притисоците нема да нè натераат да замолчиме. Оваа борба не е само за на, ова е борба за сите понижени, осиромашени и потценети граѓани, реагираат од Левица – Прилеп, најавувајќи дека случајот ќе биде пријавен во надлежните институции и дека ќе се бара одговорност за сите инволвирани лица.

Овој инцидент ја разголува мрачната страна на режимот на ДПМНЕ, каде политичката контрола се одржува преку заплашување на обични луѓе кои имаат храброст да се спротивстават на нивниот криминален систем.

Додека власта дели тендери, криминалните структури блиски до неа делат страв, но народот на Прилеп се буди, и јасно гледа кој се плаши од промена и од вистината, порачаа од партијата.

Извор: Антропол

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Криминални структури на ДПМНЕ со закани кон…

Во очајнички обид да го задржат политичкиот…

Претседателството на БиХ бара Нобеловата награда за…

Претседателството на БиХ го номинира Доналд Трамп…

Песната „Ако утре ме нема” што ја…

Македонската музичка сцена тагува по смртта на…

Јакимовски воведува субвенција за бушење на бунари…

Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на Општина…

Обвинителството нареди обдукција на телото на Панчо

Почина музичарот Владимир Блажев-Панчо, дел од дуото…