Критичката мисла е одамна изумрена, ја умреа, ја купија, ја саботираа и ја уништија
Се надевам дека грешам, но од „зомби“ нација не треба многу да се очекува. Не сме НИЕ солидарно општество, пишува новинарот Ерол Шакири.
– Нас може деца да ни умираат, може пациенти без лекови да остануваат, може луѓе живи да горат, може извршители да уништуваат цели семејства, може од воздухот не рак на плуќа, рак на веѓа да добиеш, на тие протести или граѓански револт се појавуваат не повеќе од дваесетина луѓе, затоа пак за еден сендвич политичка партија ќе собере илјадници, за свои цели, најчесто погрешни и нечесни. Ние сме нација на контра-протести, ние сме контра нација, нација без здраво граѓанско општество и критичка мисла. Критичката мисла е одамна изумрена, ја умреа, ја купија, ја саботираа и ја уништија, чат пат некои се пепелават, другите се „независни“, третите се во конформ зона и убаво им е таму. Цените, што цените, високи биле, како високи, бев во Дубаи минатиот месец исти се цените. Цицајте весла другари. Салата, ракија, џигер на скара, доста е, ако може да се ебне нешто навечер бонус ако не, пак добро. Супер сме, имаме унгарски кредит кој ќе го користат истите компании кои се бројат на прст и на кои реално и не им треба, ама ќе го враќаат граѓаните, па што има тоа врска. Тие компании плати делат така, семејство раниш со тие пари, што има врска што си сработил за иститите и компанијата профит направила, дури и ти зголемиле плата. Што има врска што со таа плата не можеш да купиш ни пола од тоа што си можел пред пар години да купиш со многу помала. Куповната моќ на граѓаните анализираат, куповна немоќ бе, за која моќ говорите? Кредити, картици, сметки, гориво, цигари, толку е, толку е таа „куповна моќ“. Не заборавајте, работникот е секогаш крив, платата на работникот е секогаш проблем, здравјето на работникот е секогаш проблем, ене читајте, излегуваат веќе интервјуа, текстови, да ви го посочат тоа. Маркетите, абе само за тие продавачите на нога по цел ден за мизерна плата ми е жал, всушност не ми е, кој ги ебе и нив. Бојкот, со среќа нека ви е! – стои во објавата на Фејсбук.