Крмов: Дали власта заради бизнис врски ја загрозува егзистенцијата на оризпроизводителите?

Пратеникот од Левица – Борислав Крмов го праша министерот за земјоделство, Љупчо Николовски дали власта заради бизнис врски ја загрозува егзистенцијата на оризпроизводителите?
– „Во моментот, откупна цена за килограм ориз е од 22 до 30 денари, иако земјоделците бараа минимум 35 денари/кг.
Имаме неисплатени субвенции за 2022 година, а некои од земјоделците немаат земено субвенции и за 2021 година.
Земјоделците директно до нас се пожалија дека немаат никаква комуникација со Министерството за земјоделство. Регресот за нафтата (кој реално треба да биде 5 литри/декар) е само 1.5 литар/декар.
Моето прашање до министерот Љупчо Николовски е: Зошто не сакате да се заложите за ФЕР ОТКУПНА ЦЕНА на оризот и дали е тоа поради бизнис-врските на Владата со сопствениците на откупните центри?”- праша Крмов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на…
Власта ги остави на цедило оризопроизводителите. Неспособноста…
(Видео) 70% од оризот останал неоткупен –…
Сите манипулираат, министерот дали знае што им…
Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…
(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…
Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…
(Видео) Прекината хуманитарната акција за семејството Николовски…
Хуманитарната акција за семејството Николовски од Кратово…