Објавено на:

Крос: Нема да дозволам Шпанците утре да ме испратат во пензија

t

Репрезентацијата на Германија во утрешното четврт-финале на ЕП 2024 ќе ги одмери силите со Шпанија, меч кој би можел да биде последен во кариерата на фантастичниот Тони Крос.

Доскорешната ѕвезда на Реал Мадрид веќе се повлече од клупскиот фудбал, но пензијата ќе му почне кога „панцерите“ ќе го завршат настапот на континенталниот собир. Тој не планира толку рано да се збогува со ЕП и најави триумф против големиот противник.

„Играњето фудбал дефинитивно ќе ми фали, но нема да правам преголема драма околу заминувањето во пензија. Се надевам само дека последниот натпревар во кариерата нема да биде овој против Шпанија. Сите силно ја посакуваме победата и мораме да одиграме максимално пред домашната публика. Ние сме Германија и секогаш имаме највисоки амбиции, а целта секако ни е освојување на шампионската титула“, изјави Крос.

Пресметката помеѓу фудбалските гиганти ќе се одигра на „МХП арената“ во Штутгарт со почеток од 18 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…

Се гради најголемата пловна населба во Европа!

Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…

„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…