КСЗД иницира постапка по службена должност против психијатриските болници и Министерството за здравство

t

Според информациите објавени на официјалната веб-страница на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, по добиени пријави, утврдено е дека ЈЗУ Психијатриска болница – Демир Хисар нема соодветни капацитети. Во оваа болница недостасуваат санитарно комбе, адекватен медицински кадар и лица задолжени за хигиената на пациентите, што резултира со неприфатлива нега и поголема ранливост на пациентите во споредба со другите.

Врз основа на овие сознанија, Комисијата се обратила до Министерството за здравство и до самата болница со Барање за информации. Од нив побарани се следните податоци: Дали болницата располага со санитетско возило за превоз на пациентите? Колку медицински сестри и негуватели работат со пациентите? Дали има дежурни медицински сестри за 24-часовна поддршка на пациентите? Колку вработени доктори постојат во болницата и која е нивната специјалност? Каков е вкупниот број на сместени пациенти и капацитетот на болницата? Како се одржува хигиената и колку лица се задолжени за тоа? Дали постои лице за одржување на личната хигиена на пациентите?

Дополнително, Комисијата испратила барање до Министерството за здравство за информации за редовните инспекциски надзори на работата на ЈЗУ Психијатриска болница – Демир Хисар и, доколку постојат, извештаи за утврдените состојби.

Од Комисијата побарале и информации за активностите предвидени во Националната стратегија за унапредување на менталното здравје за периодот 2018-2025, со акцент на деинституционализацијата и намалувањето на долгорочната хоспитализација.

„Необезбедувањето еднаков третман на пациентите поради нивната здравствена состојба може да доведе до дискриминација во пристапот до здравствена заштита“, се наведува во соопштението.

Комисијата упатува на законската забрана за дискриминација, нагласувајќи дека дискриминацијата не смее да се случува по основ на раса, пол, здравствена состојба и други критериуми.

Имајќи ги предвид податоците добиени од болницата и информациите за состојбите во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје, Комисијата донесе одлука за поведување постапка по службена должност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работничка добила отказ бидејќи планирала да забремени…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Утврдена е дискриминација врз шест Македонки на…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Русија произведе моќен систем за заштита од…

Русија создаде комплексен систем за заштита на…

Кривична пријава за беровец, со коментар на…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе…

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…