КСЗД: Ромите имаат нееднаква стартна основа и животни можности во споредба со другите граѓани

t

„Посиромашните реони (гета) или субурбаните области се слабо развиени населби со лошо изградени куќи, без пристап до вода, канализациска мрежа, асфалтирани патишта, електрична енергија и други основни комунални услуги достапни во современиот свет. Сето тоа придонесува за нееднаква стартна основа и животни можности во споредба со другите граѓани кои живеат во развиено соседство, населба, област или град. Како резултат на лошите услови во домувањето се појавуваат и низа други социјални проблеми, како социјална исклученост, недоволно вклучување на децата во образованието, потешкотии во пристапот до работа, здравство, социјлани права и други јавни услуги“, велат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по повод Меѓународнот ден на човековите права.

Оттаму додаваат и дека лошите услови за домување се и прашање на детски права и прашање на родова еднаквост.

„Жените и децата од овие населби се соочуваат со системска дискриминација која оневозможува еднакви можности и еманципација. И покрај досегашните напори на државата како и домашните и меѓународните организации, состојбата со домувањето на Ромите во РСМ е сеуште загрижувачка. Проблемите во Момин поток, Штипскиот диспанзер, Кочанска стара касарна се само дел од проблемите кои со години се актуелни и за кои за жал има само декларативни заложби. Ако домување е универзално човеково право кое е признато на меѓународно ниво во над сто национални устави во светот, суштината на остварувањето на правото е хуманистичкото сознание дека човечкиот живот е повеќе од гола егзистенција, односно дека подразбира и соодветно домување кое задоволува одредени стандарди. Право на секој поединец е безбеден дом и заедница, како дел од предусловите за мирен и достоинствен живот. Домувањето е предуслов за остварување на сите останати права“, наведува КСЗД.

Според Комисијата, прашањата за домувањето освен на централно ниво е дел од надлежностите на многу институции на локално ниво. Според надлежностите и одговорностите на единицата на локалната самоуправа, општината е директно одговорна за локалниот економски и урбанистички развој на општината.

Проблемите со домувањето кај ромската заедница се утврдени и во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација преку повеќе претставки поднесени од домашни и меѓународни организации. Донесени се повеќе мислења за утврдена дискриминација од неколку Општини и институции, а донесена е и една општа препорака. Комисијата најавува дека ќе продолжи да ги заштитува правата на маргинализираните групи согласно предвидените законски основи меѓу кои и етничката и националната припадност, силно охрабрувајќи ги граѓаните да бараат почитување и реализација на нивните човекови права.

„Унапредувањето на состојбите во неформалните населби бара сериозен ангажман, инвестиции и меѓуинституционална соработка. Бараме надлежните институции да постапуваат согласно препораките на Комисијата, да донесат и спроведуваат планови за унапредување на состојбите во неформалните населби, најнапред преку обезбедување на основни услови како вода, канализациона мрежа, струја, урабанизација на населбите и програми за социјално вклучување на луѓето од овие населби“, укажува Комисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КСЗД: Ромите имаат нееднаква стартна основа и…

„Посиромашните реони (гета) или субурбаните области се…

Утврдена е дискриминација врз шест Македонки на…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Ристовски во Шуто Оризари: Да ја сопреме…

Носителот на листата во ИЕ2 на Коалицијата…

Ибраимоски: Јас сум Тито за Ромите во…

Лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимоски денеска од…

Пендаровски го честита Меѓународниот ден на Ромите

Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден…