Кузеска: Излегувањето на Таравари потврди дека владата не функционира
Излегувањето на Арбен Таравари покажува и потврдува дека владината коалиција не функционира, без разлика колку пратеници има сега, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во емисијата „Отворено“ на телевизија 24.
-Кога зборуваме за мотивите, ова што го слушаме е потврда на она што цело време го кажува СДСМ. Станува збор за поделба на фунции, за поделба на тендери, поделба на провизии и несогласувања околу тие работи. Самите кажуваат дека можеби станува збор за некакви бизнис интереси. На тоа беше концентрирана власта а не на реализација на програмата, рече Кузеска.
Кузеска додаде дека не станува збор за незадоволство само од една страна, особено затоа што ВМРО-ДПМНЕ во овие 10 месеци покажа целосна незаинтересираност за граѓаните околу заштита на нивниот животен стандард.
-Цените во маркетите се покачени за 60% без никаква контрола, а за покачување на минималната плата власта ги остави работнциите и работодавачите самите да се договараат. Културните работници Велигден го чекаа без плата, додека министерот ги троши парите во ресторани, што се виде од јавно достапни документи. Министерката за финансии се чуди како семејствата со деца пијат 13 литри млеко во месецот и кажуваат дека овошјето е луксуз. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повикува младите да стапат во брак порано, да имаат многудетно семејство, а синдикалната кошничка се пресметува за тричлено семејство. Сето ова потврдува дека владата ниту ги исполнува ветувањата пред граѓаните ниту испорачува некаков резултат, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во емисијата „Отворено“ на телевизија 24.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…