Кузеска: Одговорноста е кај Гаши и за Даути и за незакажување на седницата на Комисијата
Одговорноста е кај претседателот на Собранието, Африм Гаши, и за Даути и за незакажувањето седница на Комисија. Иако и беше изгласана недоверба на претседателката на Комисија за социјална политика, Илирие Даути, претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека тоа не е обврска за нејзино разрешување и дека нема правно дејство, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„СДСМ нема да навлегува во фарсата којшто во македонското Собрание ја прават Левица, ЗНАМ И ДПМНЕ. Без разлика на скриените мотиви на Левица, ЗНАМ и ДПМНЕ не може интерпелација да нема никаква правна последица. Целата одговорност и околу несвикувањето седница за Законот за бранители и сега по усвоената недоверба за Дауити е кај претседателот на Собранието, Африм Гаши“, посочува Кузеска и додава:
„Сега откако е изгласана интерпелација, односно недоверба, исто така одговорност на претседателот на Собранието е да соопшти што ќе преземе“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кузеска: Одговорноста е кај Гаши и за…
Одговорноста е кај претседателот на Собранието, Африм…
МВР потврди: Исчезнатата Лидија Трајковска е жената…
Обдукцијата на телото на жената пронајдено во…
Косово објави: Крај на ерата на паралелни…
Властите на Косово денеска изјавија дека продолжуваат…
Кузеска: Политиките со „кошнички“ се покажаа како…
Стандардот на граѓаните се влошува од ден…
Повторно одложена главната расправа за пожарот во…
По 4-ти пат одложена главната расправа во…