Кузеска: Тошковски го претвора МВР во партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ

t

Во собраниска процедура е ставен невиден и скандалозен предлог-закон, кој претставува еден од низата опасни и антидржавни потези на министерот Панче Тошковски, рече денеска на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Целосна партизација на полицијата преку рушење на кариерниот систем. Никола Груевски и Сашо Мијлков се мали деца за тоа што Тошковски сака да го направи со безбедниот систем. Со предложениот Закон за полиција, Тошковски има намера да спроведе целосна партизација на полицијата. Ова ќе се направи преку рушење на кариерниот и професионалниот систем на Министерството за внатрешни работи (МВР). Министерот Тошковски бесрамно ги намалува сите критериуми и стандарди за вработените во полицијата, со намера да воспостави систем за окупација на МВР преку партиски послушници. За професионалците повеќе нема да има место во МВР“, кажа Кузеска.

Според неа измените ќе имаат „далекусежни последици“.

„Ова не се случајни измени. Ова е опасен план за рушење на безбедносниот систем и суверенитетот на државата, и претворање на полицијата во партиска парамилиција на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе служи за политички прогон и заштита на криминалот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ако го поддржат овој Закон исто како за времето на Груевски ќе бидат уценувани, ќе бидат таргет и ќе бидат жртви на Тошковски. СДСМ остро се спротивставува на овој атак врз професионализмот во полицијата и врз безбедноста на државата. Бараме веднаш и итно да се повлечат сите спорни измени“, истакна Кузеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кузеска: Тошковски го претвора МВР во партиска…

Во собраниска процедура е ставен невиден и…

Колапс во ЕСМ – ВМРО-ДПМНЕ направи загуба…

*Соопштение на СДСМ Неспособното раководство на ЕСМ,…

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа мерит систем…

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа мерит систем а…

Каја Шукова кандидат за градоначалник на Скопје!…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на…

СДСМ: Трипуновски не го почитува Законот за…

Власта не ги почитува законите кога не…