Кузмановски: Да победиме за Гоце Георгиевски!
Ракометната репрезентација на Македонија денеска во 18 часот ќе ја пречека Турција во последното коло од квалификациите за ЕП 2024. „Црвено-жолтите“ веќе го осигураа пласманот на ЕП, но мотивот останува – со победа да се стави печат на новиот пласман на едно големо ракометно натпреварување.
Турците допатуваа мотивирани во Скопје, свесни дека со сензација вечерва можат да стигнат до билет за ЕП. Сепак, повеќе од јасно е дека квалитетот е на наша страна и доколку Македонија одигра онака како што знае и умее, „црвено-жолтите“ ќе стигнат до посакуваниот резултат. Впрочем, Македонија во првиот дуел со Турција како гостин славеше со убедливи 27-36, издание што избраниците на Кире Лазаров се очекува да го повторат и денеска во СЦ „Борис Трајковски“, пред своите верни навивачи.
„И пред почетокот на овој квалификациски циклус кажав дека со Португалија ќе се бориме за првото место во групата. Имаме респект кон секој противник, како за Луксембург, така и за Турција, одиме максимално на секој натпревар. Играме пред домашна публика се надевам дека денеска ќе не поддржи во голем број. Посветени сме максимално, сакаме победнички да го завршиме овој циклус. Мора да победиме и за Гоце Георгиевски, не треба да заборавиме колку има направено за македонската репрезентација. Сакаме победата за да биде еден подарок од нас за него, заедно пред домашната публика да се радуваме“ – вели еден од најдобрите македонски ракометари Филип Кузмановски, и дополнува:
„Долго време се случуваше промената на генерација. Беше убаво кога за момент се врати и Миркуловски, секако дека фали нивното искуство, поддршката. Но, времето поминува веќе не сме толку млади, сите сме речиси на исто годиште со исклучок на Никола Маркоски. Морам да кажам дека бевме навикнати на поискусните, израснавме со нивната поддршка, сепак мора да се адаптираме, одиме напред, ќе има нови лидери, нови икони…“.
Извор: Екипа.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…
Турција ќе ги заловува, но нема да…
Турскиот парламент усвои закон што налага сите…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…
Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…
Земјотрес со размери од 4,8 степени според…