„Куклата на Путин“: Требаше да фрлиме нуклеарна бомба во Лондон, сите важни луѓе беа таму

t

Русија требало да го искористи погребот на кралицата Елизабета и да фрли нуклеарна бомба во Лондон, бидејќи „сите најважни луѓе биле таму“, смета руската ТВ-водителка Олга Скабеева, позната и како „Куклата на Путин“. Нејзиниот одговор доаѓа како коментар на изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој го предупреди својот руски колега да не помисли на користење нуклеарно оружје.

Видеото од емисијата се прошета по социјалните мрежи.

Андреј Гуруљов, застапник на руската Дума, рекол дека Бајден „зборува глупости“.

Требаше тоа да го направиме тоа денеска, кога е погребот на кралицата. Сите најважни луѓе се таму – одговорила водителката на емисијата, Олга Скабеева.

Во текот на емисијата Скабеева и гостите се согласиле и дека „Велика Британија е причина за целото зло“.

Бог нека ми прости, но кога Велика Британија ќе ја претвориме во пустина како Марс, дали таа пустина ќе биде одбранета од НАТО сојузот? Ништо нема да остане од неа. Како ја нарекуваат – неостварлив остров? Сите ќе потклекнат. Велика Британија исто е нуклеарна сила и има многу нуклеарно оружје, но нивните 245 нуклеарни боеви глави веднаш би биле уништени и во таа смисла сме многу помоќни – во еден момент воскликнал Гуруљов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…