Кулеба: Добиваме повеќе оружје и друга помош!

t

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска на Твитер објави дека се сретнал со американскиот државен секретар Антони Блинкен во Германија и дека „повеќе оружје и друга помош се на пат за Украина“.

Кулеба и Блинкен се состанаа во германската престолнина Берлин, каде што министрите за надворешни работи на НАТО одржуваат неформален состанок за време на викендот. Финска се очекува денеска да донесе одлука дали ќе поднесе официјална апликација за приклучување кон блокот. Се очекува дека Шведска ќе го следи овој потег.

„Се договоривме тесно да соработуваме за да обезбедиме преку извоз, украинската храна да стигне до потрошувачите во Африка и Азија. Благодарни на секретарот Блинкен и на САД за нивното лидерство и непоколебливата поддршка“, се вели во твитот на Кулеба, објави Си-Ен-Ен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба: Добиваме повеќе оружје и друга помош!

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба…