Кулеба: Нашето знаме е жолто-сино со кое живееме, умираме и победуваме
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го критикуваше повикот на папата Франциск за Украина да преговара со Русија две години по почетокот на инвазијата и порача дека никогаш нема да се предадат откако папата рече дека Киев треба „да има храброст да го подигне белото знаме“. -Нашето знаме е жолто-сино. Ова е знамето со кое живееме, умираме и победуваме.
Никогаш нема да подигнеме друго знаме, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на социјалните мрежи. Папата Франциско предизвика гнев во Киев откако во интервју објавено во саботата рече дека Украина треба да преговара со Русија, која зазеде големи делови од нејзината територија за време на војната. Украина вети дека нема да се откаже од својата територија, но затоа зборовите на папата одекнаа во Киев. -Кога ќе видите дека сте поразени, дека работите не функционираат, имајте храброст да преговарате, рече папата. Кулеба го повика Франциск да застане „на страната на доброто“ и да не ги става завојуваните страни „на иста основа и тоа да го нарекува „преговори“.
Во неделата директорот на Канцеларијата за печат на Ватикан, Матео Бруни изјави дека Папата Франциск не повикува Украина да се предаде, туку на прекин на огнот и храброст во преговорите. -Папата го користи терминот „бело знаме“ и го повторува впечатокот предложен од интервјуерот, за да укаже на прекин на непријателствата и примирје постигнато преку храброст во преговорите, рече Бруни за интервјуто на папата Франциск. -Во други делови од интервјуто, зборувајќи за друга конфликтна ситуација, но мислејќи на каква било воена ситуација, Папата јасно рече: „Преговорите никогаш не се предаваат“, додаде Бруни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Инженери на Македонија“: РКЕ ја штити ЕВН…
Според Здружението, РКЕ ја погазува својата основна…
Спасен со честитка за роденденот на ВМРО-ДПМНЕ:…
Ај да ги потсетам уште еднаш нашите…
Подготовки за војна? Десетици американски воени авиони…
Анализата на податоците за следење на летот…
(Видео) Вленковци повторно одбиваат да зборуваат македонски…
Претставниците на ВЛЕН одбиваат да говорат македонски…
„Премиерот излегува ти кажува сме станале новиот…
Андреј Жерновски вели дека според Евростат, последни…