Кумановец возел со 3,67 промили алкохол во крвта
На 24.03.2026 во 12:02 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Ц.(49) од с.Режановце, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,67 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кумановец возел со 3,67 промили алкохол во…
На 24.03.2026 во 12:02 часот на бул.„Октомвриска…
Кумановец фатен со 28 клучеви за отварање…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Ч.…
Кумановец силувал проститутка од Венецуела во Далмација
Окружното јавно обвинителство во Шибеник поднесе обвинение…
Лишени од слобода возачи од Битола, делчевско…
На 27.10.2025 во 21:13 часот на ул.„Солунска“…
На ГП Табановце откриена акцизна роба, алкохол…
Денска од страна на инспектори од Одделот…