Кумановец фатен со 28 клучеви за отварање брави

t

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Ч. (40) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“. Како што информираат од полицијата, на 14 јануари 2025 година во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило во кое се наоѓал пријавениот заедно со уште едно лице.

При контролата, во возилото биле пронајдени и одземени 28 универзални клучеви за отворање брави, како и разни алатки и други предмети наменети за отворање брави. По целосно документирање на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумановец фатен со 28 клучеви за отварање…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Ч.…

Кумановец силувал проститутка од Венецуела во Далмација

Окружното јавно обвинителство во Шибеник поднесе обвинение…

Кумановец возел со 1.57 промили алкохол во…

На 15.07.2025 во 04.30 часот, полициски службеници…

Кумановец и Црногорец приведени во Скопје, пронајдена…

Денеска (01.01.2024) во 01.00 часот во угостителски…

Кумановец со нож ги заклал сопругата и…

Четириесет и шестгодишен кумановец со нож ги…