Кумановка го дала бебето на чување на брачен пар од Арачиново, па не сакале да ѝ го вратат

Брачен пар од Арачиново биле пријавени од страна на кумановка дека не сакале да и го вратат бебето кое го дала на привремено чување.
„На 23.02.2025 во 19.30 часот во СВР Куманово, М.М.(41) од Куманово пријавила дека А.М.(39) и неговата сопруга А.М.(35) од с.Арачиново, скопско, не ѝ го давале нејзиното новороденче“, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од она што таа пријавила во полиција е дека целата таа работа почнала пред четири месеци додека била бремена, се запознала со сопружниците, кои ѝ понудиле финансиска помош откако ќе се породи.
„Таа се породила на 18.02.2025, а на 20 излегла од болница и била пречекана од А.М. и А.М., кои и предложиле да потпише изјава кај нотар за да може бебето неколку дена да остане кај нив, на 21.02.2025 таа го оставила бебето во нивниот дом и А..М.(39) и дал пари, а кога побарала на 23.02.2025 да си го земе, тој не ѝ го дал со образложение дека ќе остане кај нив“, велат од МВР.
Од МВР инфораат дека сопружниците биле уапсени денес во 01:40 часот, однесени во полициска станиа и против нив ќе следува соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар во автомобил во Кисела Вода, зафатени…
Денеска во 01.05 часот во СВР Скопје…
13-годишно девојче пријавено за исчезнато
На 23.02.2025 во 18:30 часот во СВР…
Кумановка го дала бебето на чување на…
Брачен пар од Арачиново биле пријавени од…
Амфетамин пронајден во јавно претпријатие
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.К.(30)…
Малолетнички натепале познаничка, ја снимале, па тоа…
МВР информира дека вчера во 17 часот…