Куманово се огради од вандалското однесување на своите Кумани

t

Oд редовите на МКК Куманово го осудија инцидентот кој се случи во натпреварот против Феникс во рамките од седмото коло во Првата кошаркарска лига.

Во овој натпревар пред крајот на првата четвртина дојде до навредливо скандирање и употреба на пиротехника, а се фрлаа и предмети на теренот. Поради ваквата ситуација натпреварот се прекина, па продолжи откако трибините беа испразнети.

Куманово два дена по средбата се огласи со соопштение во кое го осудува однесувањето на „Кумани“.

МКК Куманово АД ја информира јавноста дека се оградува и го осудува немилиот настан од 16.11.2024 год. на натпреварот помеѓу МКК Куманово АД и екипата на Феникс 2010 од Скопје на натпреварот од 7 – то коло од првата ,,М- ТЕЛ” машка кошаркарска лига.

Имено, на натпреварот во втората четвртина се случи немил настан предизвикан од страна на група на навивачи каде на 01 минута и 40 секунди пред крајот на втората четвртина при водство на домашната екипа ( 35:33) беше фрлена димна бомба, беа запалени 2 факела, беа фрлени 2 петарди, петарда со топовски удар, искорната е пластична столица од трибините и истата е фрлена на терен, беа искршени и фрлени и заштитни делови од оградата.

Во текот на натпреварот имаше неспортско следење на натпревар, неспортско скандирање и однесување, користење на скандалозни содржини со етнички, верски и вандалски примеси. Натпреварот после паузата продолжи без публика и нашата екипа успеја да извојува победа. МКК Куманово АД не поддржува и никогаш нема да поддржи вакво вандалско однесување, неспортско скандирање, повреда на етничка , верска или било каква друга основа на спортски натпревари и било каде и никогаш нема да оправдаме оштетување на имот и оштествен и приватен.

Бараме од надлежните институции во согласност со законските прописи да ги превземат сите неопходни мерки и чекори и се надеваме дека во иднина нема да се повторуваат вакви настани, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хезболах не знаел дека купува пејџери од…

Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…

74-годишна жена од Охрид заврши во болница…

Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…

Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…

Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…

ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…

Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…

20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…

20-годишен возач е тешко повреден откако со…