Кумановци вработени во Ирак и Авганистан повторно на протест пред УЈП – формирано и здружение „Правда за сите“

t

Група граѓани од Куманово, кои биле ангажирани во американските бази во Ирак и Авганистан, денеска одржаа нов протест пред регионалното одделение на Управата за јавни приходи. За време на протестот, тие официјално поднесоа документација за формирање на граѓанско здружение под името „Правда за сите“, преку кое планираат институционално да ги бараат своите права.

Претставникот на граѓаните, Жикица Миланов, истакна дека здружението е формирано со цел да се води исклучиво правна и граѓанска борба, нагласувајќи дека организацијата нема политичка заднина, објави 4news.mk

Причина за денешниот собир пред УЈП Куманово е незадоволството од начинот на кој оваа институција комуницира со нив. Според присутните, Управата не споделува информации во врска со истрагата и документацијата доставена од американска фирма, која се смета за клучна во решавањето на нивниот статус и обврски. По протестот пред УЈП, граѓаните маршираа до зградата на Општина Куманово, барајќи од локалната самоуправа да се вклучи како медијатор и да помогне во покренување на овие прашања пред централната власт.

Дополнително, граѓаните изразија револт и кон работата на Советот на Општина Куманово. Тие наведуваат дека и покрај претходните средби со координаторите на советничките групи на кои им било ветено брзо одржување на седница посветена на нивниот проблем, таква седница сè уште не е закажана.

Паралелно со јавните собири, дел од засегнатите веќе покренаа приватни тужби преку своите адвокати. За целиот случај и постапките на институциите е известен и Народниот правобранител. Граѓаните најавија дека ќе продолжат со протестните активности сè додека надлежните органи не излезат со конкретни одговори и информации за нивните предмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумановци вработени во Ирак и Авганистан повторно…

Група граѓани од Куманово, кои биле ангажирани…

NASA потврди: Кинески проект ја забавил ротацијата…

Големиот кинески инфраструктурен проект „Три клисури“ не…

Изет Меџити го нарече Арбен Таравари министер…

Чаирскиот градоначалник, чија партија е дел од…

ССМ: Ако газдите не се одважат да…

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес…

УЖАС: Откриена меѓународна педофилска мрежа, момчиња биле…

Француските и сенегалските власти открија меѓународна педофилска…