Куната отиде во исторјата, Хрватска на полноќ стана дел од Шенген зоната
Хрватска на полноќ стана 27. членка на Шенген зоната, како и членка на еврозоната. Од полноќ куната замина во историјата, а еврото е официјална валута на таа земја.
Укинати се граничните контроли на копнените и поморските гранични премини во Хрватска кон членките на ЕУ, а на 26 март ќе бидат укинати и ограничувањата за воздушниот сообраќај.
Шенген зоната, која се прошири за да ја вклучи Хрватска за прв пат по десет години, сега вклучува 23 од 27-те членки на ЕУ, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.
Бугарија и Романија, кои не добија одобрение од другите членки на почетокот на декември, како и Кипар и Ирска, не се во Шенген зоната.
Шенген зоната зафаќа повеќе од четири милиони квадратни километри и досега броела околу 420 милиони луѓе.
Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ го посети граничниот премин Брегана и заедно со неговата словенечка колешка Сања Ајановиќ Ховник симболично ја подигна рампата на границата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…
Наместо на одмор, младите Босанци одат на…
Значително повисоките плати за истата работа, но…
Дедо-монструм, кој ги силувал внуците оставени кај…
77-годишен маж чиј идентитет не се открива…
Хрватска ја враќа воената служба
Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денес…
КФОР им додели медали на војници од…
Свечена церемонија за доделување медали на војници…