Курск е во ќорсокак: Зошто ниту една страна нема доволно сила да надвладее?

t

Воените известувачи од двете страни на конфликтот известија дека руските трупи извршиле напад врз Суџа, регионалниот центар и најголемата населба окупирана од вооружените сили на Украина. Според извештаите на светските медиуми судирите меѓу руските и украинските војници во областа Курск и понатаму се интензивни, а опасноста од руско опколување на украинските сили таму е се по извесно како што деновите изминуваат.

Како што јавуваат медиумите руската офанзивата доаѓа од југоисток на населбата Суџа. Воените дописници во исто време пишуваат за битките кај Махновка и Бондаревка

Вториот правец на напад на Русите е од Мала Локња кон Черкаское Поречное. Се тврди дека руските авиони за напад веќе го освоиле Кошице, населба во Суџа. Но, засега населбата е во сива зона, бидејќи ниту една страна не ја контролира. Украинските вооружени сили таму префрлија многу опрема и борци.

Воените известувачи пишуваат дека доколку Русија успее во оваа насока, ќе биде можно да се отсече северниот раб окупиран од украинската група. Ова исто така ќе овозможи автопатот Суџа–Лгов целосно да биде отсечен и делови од вооружените сили на Украина да останат без резерви.

Токму во оваа насока се водат и битките за Погребки. Украинските војници се обидуваат да ја вратат оваа населба, додека руските трупи успеаја да го избркаат непријателот од Леонидово, Александрија, Кругленка и Николаевка.

Во меѓувреме Стара Сорочина и Нова Сорочина беа делумно ослободени од страна на руските сили. Во сите области се водат тврдоглави борби. На Украинците им е наредено да не се повлекуваат, па руските трупи напредуваат, но со голема тешкотија, пишува српска Политика.

Украинскиот телеграмски канал „Легитимни“, повикувајќи се на свои извори, пишува дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски одржал состанок во Суми. Во него тој вети дека ќе испрати засилување во регионот Курск.

Рускиот воен аналитичар Јуриј Подољак забележува дека непријателот не го изгубил својот потенцијал за напад. Во случај на мраз, кога ќе замрзнат земјените патишта, украинските војници ќе имаат можност повторно да се обидат да тргнат во офанзива.

Дополнително, во областа Бердин дејствуваат диверзантско-извидувачки групи. И ноќе и наутро, единиците на вооружените сили на Украина во оклопни борбени возила веќе се обидуваа да се спуштат на Махнов.

Во текот на изминатите неколку дена, вооружените сили на Украина, кои се обидоа за нова контраофанзива во областа Курск, изгубија 12 отсто од целата окупирана територија во регионот.

Како што призна украинската страна, од понеделникот милитантите изгубиле 57,6 квадратни километри, а денес тие контролираат 436 квадратни километри.

Според прес-службата на руското Министерство за одбрана, војниците се вклучени во активни борби во областа Курск против седум бригади на вооружените сили на Украина, вклучително и тенкови и воздушни бригади. Уништени се 296 тенкови, 222 пешадиски борбени возила, 161 оклопен транспортер и друга опрема.

Инаку курската област кој прерасна во еден вид џеб на руската територија, полека станува синоним за тешки борби, загуби, пролеана крв и уништена воена опрема на двете страни.

Борбите траат веќе половина година, а класичната војна ги покажува сите недостатоци и предности на неуспешните офанзиви и контраофанзиви. Се добива впечаток дека ниту една страна нема доволно сила да надвладее. Како да се чека решение на друго место, а не на бојното поле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ама премирот наш најави бум: Светска банка…

Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…

Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…

Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…

Родители на починатите во пожарот во Кочани…

Родители на починатите во пожарот во клубот…

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…