,,Курск е многу силен адут во какви било преговори”
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оцени операцијата Курск како опиплива предност во дипломатските напори на Киев, особено меѓу земјите од глобалниот југ, објави Укринформ.
„Курск е многу силен адут во какви било преговори, особено со земјите кои се важни за нас, особено оние од глобалниот југ. Никогаш не очекував дека (операцијата) ќе даде толку значаен ефект, бидејќи тие земји сметаа дека Русија е непобедлива. “, рече Зеленски во интервју за телевизиската програма „Обединети новини“, на кое присуствуваше и неговата сопруга Олена.
Украинскиот лидер додаде дека одлуката на Русија да испрати севернокорејски војници во регионот Курск е тактичка грешка.
„Тие (Русите) го зедоа севернокорејскиот контингент. И каде го испратија? Повторно таму (во регионот Курск). Според мене, со тоа тие направија тактичка грешка“, рече тој.
Зеленски додаде дека прашањето за неговата кандидатура за втор мандат во моментов „не е на дневен ред“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
,,Курск е многу силен адут во какви…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оцени операцијата…
Тајландскaтa премиерка пријави имот од над 400…
Тајландската премиерка Петонгтарн Шинаватра пријави имот во…
Пирамидата на Никола Тесла: Што знаеше, ама…
Никола Тесла ја сметал Земјата како една…
ОН: Повеќе од 115.000 Сиријци се вратија…
„Сиријците се вратија од земји како Турција,…
Грција ќе ги заостри казните за точење…
Грција ќе ги заостри мерките за продажба…