Курсна листа на НБРМ: Еврото повторно го надмина доларот
Според податоците на Народната банка на Република Македонија, денеска вредноста на еврото повторно ја надмина вредноста на доларот.
Во продолжение вредноста на другите валути.
На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути дополнително се „лизна“ од највисокото ниво во последните 20 години. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 108,70 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 108,85 поени, пишува SeeBiz.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 138,60 јени, колку што беше и вчера во овој момент.
Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0032 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 0,9997 долари.
Јакнењето на еврото е последица на очекувањата дека Европската централна банка во септември ќе ги зголеми каматните стапки поагресивно од проценетото, за 0,75 процентни поени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курсна листа на НБРМ: Еве колку чинат…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Курсна листа на НБРМ: Еве колку чинат…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Курсна листа: Колку чинат валутите денес?
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Ангеловска-Бежоска: И покрај шоковите, стабилноста на денарот…
На покана на Централната банка на Исланд…