Курти бара да се почитуваат резултатите од демократските локални избори во Косово
Косовскиот премиер Албин Курти денеска се сретна со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Зарацин.
Курти и Зарацин разговарале за постизборниот процес во четири општини на северот на Косово, вклучително и полагањето заклетва и првиот работен ден на новите градоначалници, објави Владата, а јавија Репортери.
Според информациите, Курти во разговорот ја истакнал важноста од почитување на резултатите од демократските избори, додавајќи дека посетата на градоначалникот на нивните канцеларии и обезбедувањето основни услуги за граѓаните треба да се третира „како нормална работа“.
На средбата присуствуваше и вицепремиерот на Косово, Бесник Бислими.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…