Курти бара зголемено присуство на КФОР во Косово

t

Косовскиот премиер Албин Курти, врз основа на информациите дека дел од австриските војници треба да бидат повлечени од Косово, оцени дека во тој дел сѐ уште се потребни меѓународни сили за да се обезбеди стабилност, пренесува Газета Блиц.
Запрашан за одлуката на Австрија да ги намали војниците на КФОР во Косово за половина од вкупниот број, Курти во интервју за австриската телевизија рече дека е благодарен за досегашната улога на Австрија и додаде дека нивната одлука е суверена. Тој потоа додаде дека Косово и КФОР ќе си требаат еден на друг во иднина.

„Она што ни треба е повеќе војници во трупите на КФОР, кои би патролирале на границата со Србија со нашата полиција. Ни треба поголем капацитет, ни треба поголемо присуство на КФОР, но потребна ни е и програма за партнерство за мир со НАТО. Република Австрија, војниците, офицерите, генералите кои служеа во Косово. Тоа е суверена одлука на Република Австрија, но верувам дека Косово и КФОР си требаат меѓусебно во иднина“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…